(ВИДЕО) Лидерот на ДУИ преговарал со терористите во Куманово
Али Ахмети , лидерот на ДУИ, во синоќешната емисија „Патот кон“ на Алсат-М, откри дека преговарал со терористичката група се со цел да се предадат.
Имено, тој раскажа дека човек од вооружената група го побарал утрото на 09 Мај преставувајќи се дека е во борбите во Куманово и побарал од него да им овозможи коридор за да избегаат од градот, на што Ахмети му рекот дека тоа не може да им го вети но почнале преговори во посредство на ОБСЕ и Артан Груби како негов преставник со вооружената група.
Вели дека со неговото посредување се предале поголем дел од групата, поточно 26 од вкупно 30 членови, разговарал со извесен Мухамед Красниќи, и дека оние кои не сакале да се предадат загинале.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/lySW806fA4Q[/embed]Ахмети исто така нагласи дека за неговата акција била информирана и амбасадата на САД и ОБСЕ, а лично му се јавил и премиерот Никола Груевски, кој бил сомничав дека е можно терористите да се предадат.
„Јас морав да го направам тоа што морав, направив да се предадат, зашто немаше да биде добро за никого“ , рече лидерот на ДУИ.
Во акцијата во Куманово загинаа 8 специјалци на МВР, а 37 беа повредени, додека беа убиени 10 припадници на терористичката група.
