(ВИДЕО) Лицата кои го запалија српското знаме во Тирана се уапсени
Албанската полиција приведе осум лица за палење на српското знаме во Тирана.
На двајца од нив им е одреденена мерка притвор, а петмината други, малолетници, ќе се бранат од слобода.
„Структурите на државната полиција, по прибраните докази, приведоа 8 лица, инволвирани во незаконски активности на протестот на булеварот „Народни херои" во Тирана. На крајот од дејствијата од страна на истражните структури на полицијата, лишени од слобода се Астрит Цара(41), жител во Тирана и Бесник Балани(56), жител на Круја. Исто така од слобода ќе се бранат 6 малолетни лица, на возраст од 15 и 16 години, жители на Тирана и Драч“, стои во полициското соопштение.
На вчерашниот протест, кој го организираше поранешниот албански премиер Сали Бериша, а кој беше против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на денешниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, демонстрантите го запалија српското знаме.Бериша рече дека тоа е ѓаволски проект.
Албанскиот премиер Еди Рама порача дека треба да се срамат тие што тоа го сторија.
