Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Курти се обрати на српски јазик и им кажа на Србите што треба да направат

(ВИДЕО) Курти се обрати на српски јазик и им кажа на Србите што треба да направат

Косовскиот премиер Албин Курти до граѓаните од српска националност се обрати на српски јазик. 

Курти соопшти дека почнала замената на регистарските таблички на Република Србија со косовските „РКС“ и дека процесот ќе трае до 31 октомври. Тој кажа дека во следните два месеци ќе можат да ги пререгистрираат возилата во 34 центри за регистрација низ Косово.

„Преминувањето и регистрацијата на возилата на табличките РКС им служи на јавниот ред, законот и сигурноста. Табличките кои ги издава Србија се наследство од режимот на Милошевиќ. Ваквото наследство не треба да биде товар на вашиот грб. На овој начин тоа намерно вe држи изолирани и во минатото. Преминувањето на РКС таблички го елиминира ваквиот товар и обезбедува непречена и безпредрасудна слобода на движење по целата територија на Република Косово од север на југ и од запад на исток“, кажа Курти.

На Косово во моментов како што кажа Курти има 401.945 возила со таблички РКС.

По 11 години Србија престана да издава документи за влез-излез на граѓаните на Косово, а Косово пак се согласи граѓаните на Србија да можат да преминуваат само со лични документи.


foto EPA-EFE

Слично

Поврзани вести