Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба и неговиот американски колега, Ентони Блинкен јадеа пица во Киев и Блинкен порача дека Русија мора да плати. 

Блинкен денеска пристигна во изненадувачка посета на Киев и во друштво на неговиот украински колега, посети пицерија во сопственост на воен ветеран.

„Како некој кој знае нешто за пицата, како и најголем дел од Американците, пицата овде е извонредна“, рече Блинкен.

Блинкен денеска пристигна во Киев, откако Вашингтон го одобри новиот пакет на помош вреден 61 милијарда долари.

Блинкен изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин ја уништи Украина и затоа Русија треба и мора да плати за обновата.

„Ние работиме со нашите партнери од Г7 за да ги искористиме замрзнатите руски државни средства за да ја вратиме штетата направена од Путин“, рече Блинкен. 

Русите пак го напаѓаат вториот по големина град во Украина, Харков.  Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 


Слично

Поврзани вести