Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Куќата и се урнала врз глава, жената сепак е спасена

(ВИДЕО) Куќата и се урнала врз глава, жената сепак е спасена

Од под урната куќа во Хрватска е извлечена постара жена, жива и здрава.

На социјалните мрежи е објавено видео од спасувачката мисија, жената е спасена, но нејзиниот сопруг не преживеал. Тој со своето тело помогнал неговата сопруга да преживее. Претседателот на Хрватската служба за спасување на планини (ХГСС), Јосип Граниќ, изјави дека во текот на ноќта, припадниците на таа служба посетиле 84 села во областа погодена од земјотресот и посочи дека не наоѓаат луѓе под урнатините или повредени на кои им е потребна итна помош. 

„Најдовме луѓе надвор, никој не беше пронајден никаде под урнатините или не беше потребна брза помош. Сепак, имавме две лица со скршени раце, за кои се погриживме и ги предадовме на службата за итна медицинска помош", рече Граниќ.

Вели градот е оштетен, но не е срушен. Три дена по ред Хрватска ја тресат земјотреси. 


Слично

Поврзани вести