(ВИДЕО) КРВАВИ СРПСКО-ТУРСКИ СУДИРИ ВО ИСТАНБУЛ: Убиен навивач на Црвена Ѕвезда
Трагедија го засени поразот на српска Црвена Ѕвезда од турски Галатасарај во натпреварот од кошаркарската Евролига. Во судир меѓу навивачите на двата клуба смртно настрада еден 25-годишен српски државјанин, потврди Генералниот конзулат на Србија во Истанбул.
Во Турција пристигнале околу 400 припадници на навивачката група „Делии“, но само 50 од нив имале карта за натпреварот. Според друга информација пак, карти имале сите, но не можеле сите да влезат во салата. Во тие моменти, пред салата дошло до судири и општа тепачка со турските навивачи, при што едно лице од гостинската навивачка група добило смртоносен убод со нож.
Тој веднаш бил префрлен во болница, каде што лекарите се бореле за неговиот живот, но починал заради масовно крварење.
Шефот на дипломатската мисија на Србија во Истанбул Зоран Марковиќ вели дека ја предупредувале турската полиција дека станува збор за натпревар од висок ризик, но нивната молба за поголемо обезбедување не била прифатена.
„Ова е еден чин на непријателство, во време кога на Србија и забиваат ножеви од сите страни, во Турција да се забива нож во срце на српски навивач. Настанот е трагичен, јас сум потресен“, изјавил Марковиќ.
Меѓу двете страни летале факели и камења, а турските медиуми јавуваат дека гостинските навивачи демолирале неколку излози и возила околу салата.
http://www.youtube.com/watch?v=P8dQItpGcGA
Слично
