Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРВАВА ОДМАЗДА И ТОРТУРА: Како Ердоган ги третира пучистите?

(ВИДЕО) КРВАВА ОДМАЗДА И ТОРТУРА: Како Ердоган ги третира пучистите?

Организацијата Амнести Интернешенал соопшти дека поседува докази оти затворениците во Турција се изложени на физичко мачење и тортура вклучувајќи и силување во официјални и неофицијални затвори во земјата.

Оваа организација ја повика Турција да им одобри на независни набљудувачи пристап до затворениците во сите установи во кои се држат оние кои се обиделе да извршат државен удар. Како што тврдат од АИ затворите се направени во полициски станици, спортски центри и судски установи. Повеќе од 10 000 луѓе се наоѓаат во затвори.

[embed width="700" height="400" ]https://twitter.com/OnlineMagazin/status/755132369045188608?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„АИ има кредибилни извештаи дека турската полиција во Анкара и Истанбул ги држи затворениците во стресни позиции и до 48 часа, не давајќи им храна, вода и лекови, вербално ги вреѓаат, заканувајќи им се.Во најлоши случаи ги тепаат и мачат, односно силуваат.

Извештаите за тоа се екстремно алармантни, посебно кога гледаме колку лица се уапсени последната недела. Морничави детали кои ги документиравме се само дел од злоставувањето кое можеби се случува во затворите. Бараме од турските власти да ја прекинат оваа одвратна пракса и да им дозволат на меѓународните набљудувачи да ги посетат сите затвореници во сите места“, рекол директорот на АИ за Европа Џон Далхусеин.

Како што наведуваат од оваа организација, на затворениците не им е овозможено право на адвокат ни посета на членови на семејства, не се правилно информирани за обвинувањата и немаат фер судење. Со прогласувањето на вонредна состојба тоа е влошено бидејќи лицата може да бидат задржани во затвор 30 дена без обвинение.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/OnlineMagazin/status/755091487411544065?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Членови на АИ разговарале со правници, лекари и други службеници во затворските установи за условите во кои се држат пучистите. Сите разговори се аноними од безбедносни причин. Дошле до податоци за мачење на затвореници во спортската сала во полицискиот квартал во Анкара, во спортската сала Башкент и јавачкиот клуб во Анкара.

„Војниците се силувани со пљлка или прст на полициски службеници. Постојат сведоци кои виделе затвореници до тешки повреди и рани по главата кои паднале во несвест. Се слушало и како говорат „Пуштете го да умре, ќе речеме дека ни дошол мртов“.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/OnlineMagazin/status/755054603033542657?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„Ни рекоа дека помеѓу 650 и 800 војници се заробени во спортската сала во полицискиот квартал во Анкара. Кај нив на најмалку 300 се гледаат знаци на физичко злоставување, а 40 од нив не можеле да одат. Меѓу заробените на друго место била и жена која имала повреди на лицето“, наведува АИ.

На повеќето затвореници им се врзани рацето со пластични траки, а облеката им е покриена со крв , наведува организацијата. Некои доживеале толкав стрес што се обиделе да се убиваат со скокање од зграда, а други си ја удираат главата од ѕид.

Оваа организација упати апел до Европскиот комитет за спречување тортури да ја посети Турција и да ги следи условите во кои се затворениците. Потсетија и дека Турција нема Национален институт за човекови права кој е укинат во април 2016 година.

Слично

Поврзани вести