(ВИДЕО) Крвав крај на заложничката криза во Турција, убиени напаѓачите
Припадниците на партијата на Револуционерниот народноослободителен Фронт, кои денес упаднаа во суд во Истанбул и го земаа како заложник обвинителот Мехмет Селим Кираз, се елиминирани во акцијата на турската полиција.
Во зградата на судот во Истанбул, каде тројцата припадници на забранетата радикална левичарска група го држеа како заложник обвинителот, најпрво одеклана експлозија , а потоа се слушна и пукање, јавија агенциите, повикувајќи се на извори од очевидци.
Ројтерс наведе дека се слушало пукање и дека од зградата се ширел дим.
Локален новинар на Твитер објави дека се убиени сите тројца киднапери, а дека обвинителот е повреден.
Слично
