Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРВАВ ИЗБОРЕН ДЕН ВО ТУРЦИЈА: Загина човек, има и повредени

(ВИДЕО) КРВАВ ИЗБОРЕН ДЕН ВО ТУРЦИЈА: Загина човек, има и повредени

Крвав изборен ден во Турција. Еден мртов и 11 повредени има во тепачка на изборите во Труција. 

Инцидентот се случи во југоисточна Турција. Турската новинска агенција Анадолија јави дека конфликтот се случил во областа Агајлидере во провинцијата Дијарбакир и дека две повредени лица се во критична состојба. Со камења оштетени се и две возила на брза помош.

Новинската агенција DHA објави дека тепачка имало и на избирачко место во областа Халфети во провинцијата Санлиурфа. Поради конфликтот меѓу набљудувачите и гласачите, три лица се повредени, а гласањето е прекинато.

Околу 61,4 милиони гласачи гласаа денеска во земјата за да изберат градоначалници на 81 град, како и 30 мегаградови, градоначалници на општини, области, месни заедници и селски совети. На изборите учествуваат кандидати од 34  партии.

За изборите се ангажирани околу 600.000 полицајци како дел од засилените безбедносни мерки.


Околу 208.000 избирачки места се отворени за гласање. Се води битка за тоа кој ќе владее со Истанбул. 


Слично

Поврзани вести