(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО СПЛИТ: Влезе во кафуле и почна да пука
Полицијата во хрватскиот град Сплит вчера трагала по 36-годишниот напаѓач на 27-годишно момче, кое во 19:45 часот е застрелано во кафулето "CLO". На пукањето наводно му претходела расправија меѓу двајцата мажи.
На снимките се гледа како ранетиот маж лежи на подот и крвав во агонија бара помош. Неколку луѓе се собрале околу него и со својата облека се обиделе да му го сопрат крварењето, додека не пристигнала итната помош.
Вознемирувачката сцена ја снимил некој од минувачите. На видео снимката се гледа и доаѓањето на возилото на итната помош, по што момчето е префрлено во болница.
Според информациите од вчера вечер, ранетиот маж не бил животно загрозен. Иако полицијата уште го истражува мотивот за напад кој ги згрозил Сплиќаните, се претпоставува дека станува збор за пресметка поради пари.
