Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО САРАЕВО: Ја убил својата девојка, и се самоубил пред да го уапсат

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО САРАЕВО: Ја убил својата девојка, и се самоубил пред да го уапсат

Убиец од Сараево се самоуби за време на полициска потера.

Маж кој е осомничен дека утрово во Сараево убил една, а ранил друга жена се самоуби на територијата на Република Српска. Неофицијално, станува збор за мажот Неџад Чаушевиќ.

Тој е лоциран и пукал кон полициските службеници, при што никој не е повреден, а кога забележал дека има поголем број полициски службеници мажот извршил самоубиство.

Полицајците го нашле неговото напуштено возило, а специјалците го следеле според трагите кон шумскиот дел на планината Бјелашница. Осомничениот утринава околу 7 часот  ја убил својата девојка Санела Трстен, а од залутан куршум е повредена Сенада Мухиќ, работничка во претпријатието „Парк“. Инцидентот се случил пред расадник на оваа сараевска компанија. 


Слично

Поврзани вести