Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРИТИЧНО ВО ЈУЖНА СРБИЈА: Луѓето се евакуирани, цело село е под вода

(ВИДЕО) КРИТИЧНО ВО ЈУЖНА СРБИЈА: Луѓето се евакуирани, цело село е под вода

Регионот се бори со поплави, а едно српско село е под вода. 

Најкритична е состојбата кај Бела Паланка, каде едно село е под вода. Влада Племиќ од Секторот за вонредни состојби изјави дека врнежи од дожд повеќе нема и дека реките на југот на земјата полека се враќаат во своите корита. Сепак, тој додава дека 10.680 домаќинства се без електрична енергија. Вонредна состојба е воведена во неколку општини. Евакуирани се 67 луѓе од поплавените згради. Поради обилните врнежи од дожд, поројните и проблемите со водоснабдувањето, беше прогласена вонредна состојба во градовите Ниш и Лесковац. На 8 и 9 месецов имаше обилни врнежи, но и снег  на планините и тоа доведе до поплави. 

Во регионот, поплави има во Албанија и Косово. 

И во Македонија повеќе реки се излејаа од своите корита, при што има поплавени ниви и фарми. 


Слично

Поврзани вести