(ВИДЕО) Кран се урна врз Големата џамија во Мека, најмалку 107 лица загинаа
Се зголеми бројот на жртви во несреќа откако кран се урна врз Големата џамија во Мека. Најмалку 107 лица загинаа и 238 се повредени откако кранот се сруши врз кровот на џамијата.
Кранот бил носен од силните ветрови и паднал врз најсветата џамија во светот.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?t=2&v=ZERPaxacO24[/embed]
Во овој период пред почетокот на годишниот аџила, во Саудиска Арабија се очекува да има повеќе од милион верници, а веќе имат пристигнато 800 000 луѓе.
Големата џамија во Мека е позната како Масџид ал-Харам и е најголемата џамија во светот.
Изградена е во форма на коцка направена од гранит и често ја нарекуваат Куќата на Алах.
Слично
