Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРАЈ НА ПОТРАГАТА: „Малчанскиот берберин“ падна во раце на полицијата

(ВИДЕО) КРАЈ НА ПОТРАГАТА: „Малчанскиот берберин“ падна во раце на полицијата

По цели 17 дена потрага српската полиција денеска го пронајде Нинослав Јовановиќ кој ја киднапираше малолетната Моника. Избезумен, со крвав нос и страшен поглед преку низа фотографии и видеа кои ги објавија српските медиуми, може да се види монструозното лице на таканаречениот Малчански берберин.

Информацијата ја потврдило српското обвинителство.



По опсежната полициска акција, Јовановиќ е уапсен крај селските гробишта кои се наоѓаат во неговиот роден крај или само 250 метри од неговата куќа. Се обидел да се сокрие но сепак полицијата го забележала.

И покрај тоа што полицијата будно го следела неговиот дом каде живеела неговата мајка, Нинослав имал направена специјална дупка која изгледала како гроб во која се криел.


Она што сега го чека овој монструм е доживотна робија. Тој пред лицето на правдата ќе одговара по Законот на Тијана.

Фото: Телеграф.рс, Курир.рс. , Ало.рс

Слично

Поврзани вести