(ВИДЕО) КОСОВСКИТЕ СРБИ ПОРАЧАА: Европа запри го изживувањето на Курти
Србите во Косово протестираа против одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не се гласа за српските избори во Косово.
Протести имаше и во Грачаница. Србите се побунија затоа што Косово го крши Бриселскиот договор. Насобраните граѓани носеа транспаренти „Курти, го уништивте бриселскиот договор, уништивте сè“, „Европа запри го изживувањето на Курти“, „Ги чуваме нашите домови и децата во мир“, „Само ги сакаме нашите човекови права“ и други.
„Ние не бараме ништо повеќе од тоа што имаат Албанците во Косово. Сакаме мир. Сакам да истакнам дека за прв пат не постигнавме договор со претседателот Александар Вучиќ, за да ги напуштиме институциите на Косово. Ние го побаравме истото и денес, но тој побара од нас да не го правиме тоа. Сакам да нагласам дека сите Срби кои работат во косовските институции, вклучително и полицијата, ќе ја прекинат работата до враќањето на Лилјана Стевановиќ“, вели Горан Ракиќ, претседател на Српската листа.
Премиерот Курти денеска испрати писмо до амбасадорот на Европската унија во Косово, во врска со одржувањето на српските избори на Косово на 3 април.
„Белград го користи терминот „гласачи со право на глас“ за косовските Срби со двојно државјанство. Но, ова е според цивилниот регистар формиран и од нелегалните општински структури на Србија на Косово, со што се прекршуваат Уставот и нашите закони. Важно е овој напор да не биде легитимиран од властите на ЕУ или ОБСЕ“, се наведува во писмото од Курти упатено до евроамбасадорот Томас Сзуњог.
За ова прашање вчера дискутираше и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Според Вучиќ, Курти е тој кој сака да го урне мирот. Изминативе години во неколку наврати имаше тензии на Косово.
фото Принтскрин
