Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Косовските полицајци ќе работат 12 часовна смена за да спречат ескалација на северот

(ВИДЕО) Косовските полицајци ќе работат 12 часовна смена за да спречат ескалација на северот

Ќе има 12-часовна смена за сите полицајци во Косово поради можна ескалација на северот од земјата. 

Припадниците на косовската полиција воведоа 12-часовни работни смени за да бидат во состојба на готовност, пренесува „Репортер“. Косовската полиција упадна во зградата на општина Зубин Поток, каде се собраа граѓани во обид да го спречат нејзиниот влез, јави репортер на Танјуг.

Градоначалниците од албанска националност денеска стапуваат на функција. Во Лепосавиќ на општинската зграда е поставено косовското знаме, јави дописникот на РТС. Тензии имаше и во Звечан. 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен остро ги осуди денешните потези на Приштина и насилниот упад на косовската полиција во општините на северот на Косово.

Српската војска е во состојба на готовност. Странските амбасади повикаа на смирување на тензиите. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести