Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Косовската полиција уапси Србин од Косовска Митровица, граѓаните пак се собраа да искажат револт

(ВИДЕО) Косовската полиција уапси Србин од Косовска Митровица, граѓаните пак се собраа да искажат револт

Во Косово полицијата уапси Србин од Косовска Митровица, a граѓаните се на улиците. 

Kосовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља потврди дека едно лице е уапсено, наведувајќи дека наводно станува збор за водачот на Цивилната заштита, но и организатор на нападот на КФОР во Звечан.

Министерот нагласува дека ова лице било „главниот организатор на нападот на силите на КФОР и на косовската полиција во Звечан“.

Свечља тврди дека при апсењето се нападнати припадници на косовската полиција, а тројца биле полесно повредени.

„Како што во континуитет нагласувам, помина времето на криминалните банди на северот од нашата земја. Сите поединци или криминални групи кои го нарушиле безбедносниот и уставниот поредок на Република Косово ќе се соочат со правдата. Републиката нема да се повлече“, изјави Свечља.

Граѓаните повторно се собираат кај Техничкото училиште, а кај мостот кај ЕТЦ има неколку оклопни возила на специјалните единици на косовската полиција.

Неодамна во Звечан имаше судири во кои беа повредени над 50 Срби, но и припадници на КФОР.  Косовските Срби ги бојкотираа изборите и тие не ги признаваат за легитимни, градоначалниците Албанци. Србите бараат конечно да се формира Заедница на српски општини и косовските специјалци да се повлечат од северот. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести