Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Косовската полиција приведе десетина Срби на комеморацијата по повод Видовдан

(ВИДЕО) Косовската полиција приведе десетина Срби на комеморацијата по повод Видовдан

Косовската полиција денеска приведе десетина луѓе во Газиместан по комеморацијата одржана по повод Видовден, објави косовскиот онлајн портал.

Како што објави „Косово онлајн“ , по напуштањето на комплексот, припадниците на косовската полиција издвоиле поединечни лица и ги затвориле во помал монтажен објект. Порталот објави дека и татко со дете бил исто така одвоен од толпата, како и дека меѓу приведените имало неколку девојчиња. Специјалните сили уапсија едно лице откако полицајците го пуштиле да помине.

Потоа приведените биле префрлени во амбулантни возила и полициски автомобили и однесени во полициската станица.

Полицијата сè  уште не соопштила зошто се уапсени Србите.

Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, по повод притворањето на неколку Срби по прославата на Видовдан и комеморацијата во Газиместан, објави дека ќе ги информира сите меѓународни претставници за овој „срамен и безобѕирен чин на репресија“ од страна на режимот на Аљбин Курти.

Во соопштението, Канцеларијата наведува дека бара меѓународните претставници да вложат сите свои напори и дипломатски активности за да ги ослободат сите притворени, на кои ќе им биде пружена правна помош.

На Газиместан, по повод Видовден, секоја година се одржуваа комеморација за хероите на Косово кои загинале во битката од 1389 година.

foto printskrin Kosovo Online


Слично

Поврзани вести