Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Косовска РТВ Дукаѓини објави разговор од Мирсад Ндрецај и лице од разузнавањето

(ВИДЕО) Косовска РТВ Дукаѓини објави разговор од Мирсад Ндрецај и лице од разузнавањето

Бег Ризај и Мирсад Ндрецај имаа силни врски со еден агент на Агенцијата за разузнавање на Македонија. Двајцата лидери на кумановската групата снимиле разговор со наведениот агент, чие име е познато за редакцијата. РТВ Дукаѓини обезбеди копија на оваа снимка која служела како доказ за домашните и меѓународни безбедносни структури за да се откријат позадините на настанот во Куманово, пишува Алсат-М. Разговорот се одвивал неколку недели откако Ризај и Ндрецај нападнале граничен пункт на планинското село Гошинце во Липково, на границата Македонија – Косово. Ндрецај и Ризај не ја очекувале интервенцијата на македонската полиција за време на акцијата во Гошинце и се сомневаат дека се издадени од македонскиот агент. Ова се потврдува и за време на разговорот.

РТВ Дукаѓини не беше во состојба да ја потврди на независен начин автентичноста на разговорот.

Медиумите известувале врз основа на Косовската агенција за разузнавање дека кумановската група подготвувала неколку напади и во затворот со висока безбедност во Косово, со цел да ослободат неколку затвореници. Еден извештај на Министерството за надворешни работи на Македонија предизвика сомнеж дека двајцата команданти на ОНА се убиени откако биле уапсени.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/h60CqcGwrH8[/embed]   (Извор: Алсат-М)
Слично

Поврзани вести