Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Командант Талибани екстрадиран од Косово во Македонија

(ВИДЕО) Командант Талибани екстрадиран од Косово во Македонија
Метин Ислами, осуден во отсуство на 15-годишна затворска казна за терористички активности во Бродец, од Косово им беше испорачан на македонските власти. Ислами, уште познат како командант „Талибани“ веќе е во затворот во Идризово, каде што се обезбедува со засилени мерки. „МВР со највисоки безбедносни мерки со исклучително високо обезбедување го презеде Метин Ислами, попознат како командант Талибани на возраст од 33 години. Лицето е од Скопје. По завршената постапка за екстрадиција, која нешто повеќе од една година се одвиваше со косовските власти, истиот беше преземен на граничниот премин Блаце и веднаш потоа спроведен во КПД Идризово за издржување казна затвор“, вели портпаролот на МВР Иво Котевски. Ислами во Косово беше уапсен пред година и пол. Вкупната казна за 17-темина обвинети за терористички активности во Бродец беше 192 години, а судот ја донесе во 2008 година. http://www.youtube.com/watch?v=-Z1gr_UhfpY
Слично

Поврзани вести