Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Само годинава 8 милиони евра ќе платиме за надзорот на автопатите

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Само годинава 8 милиони евра ќе платиме за надзорот на автопатите

Директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ во денешното издание од поткастот „Бизнис Муабети“ со Мишко Иванов рече дека само оваа година предвидено е да му се платат 8 милиони евра на консултантот кој го врши надзорот на изградбата на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д.

Надзорот над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“ го доби конзорциумот предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“.

- За мене вртоглави се сумите кои ги зема Надзорот. Многу се високи за наши услови. За оваа година планираме некаде околу 8 милиони евра само за надзорот, вели Транаковски.

Од друга страна, вели дека прикажаниот профит на ЈПДП од 100 милиони евра не е реален, односно директорот на „Државни патишта“ вели дека таму трошоци се прикажуваат како добивка.


Слично

Поврзани вести