ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија
Редовната седница на бугарското Народно собрание беше нагло прекината поради физички судир меѓу пратеници, кој се одвиваше пред очите на јавноста и директните телевизиски преноси.
Инцидентот се случи додека министерот за енергетика во оставка, Жечо Станков, одговараше на пратенички прашања поврзани со проектот за изградба на седмиот и осмиот блок на нуклеарната централа „Козлодуј“.
Во исто време, во пленарната сала избувна жестока расправија меѓу Гјунај Далоолу од „ДПС – Ново начало“ и Радостин Василев, лидер на партијата МЕЧ. Според снимките што кружат на социјалните мрежи, вербалната конфронтација брзо прерасна во физички судир со туркање, клоцање и обид за удар со тупаница.
Поради ескалацијата и размената на навреди и закани, претседателката на парламентот Раја Назарјан ја прекина седницата и прогласи пауза до 11:00 часот.
