Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Карпа падна врз хотел и уби туристка - мештаните стравуваат од нови одрони

(ВИДЕО) Карпа падна врз хотел и уби туристка - мештаните стравуваат од нови одрони

Туристка од Чешка на возраст од 45 години загина откако карпа падна врз хотел на грчкиот остров Крит. 

Нејзиниот 10-годишен син е полесно повреден откако ноќеска се одронила огромна карпа и паднала врз хотелот во кој престојувале во туристичкото место Агиа Фотја во близина на Јерапетра, јави дописничката на МИА од Атина. Мажот кој е без повреди бил во делот од собата што останал недопрен од карпата. Акцијата за пронаоѓање траела повеќе од четири  часа, а од карпата се уништени уште неколку соби, кои биле празни. Командантот на противпожарната служба на Крит, Јоргос Цикалакис, кажа дека на полноќ добиле повик за паѓање на карпата врз хотел по што веднаш почнала акцијата. Мештаните се пожалиле дека неколку карпи висат над домовите и над локалниот пат, и стравуваат од нови трагични одрони.


Слично

Поврзани вести