Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КАКО СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА АПСИ ПЕДОФИЛИ - се товарат дека поседувале и прикажувале порнографски материјал

(ВИДЕО) КАКО СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА АПСИ ПЕДОФИЛИ - се товарат дека поседувале и прикажувале порнографски материјал

Српската полиција уапси 11 педофили. Апсењето на осомничените се случи во рамки на продолжението на акцијата „Армагедон“.

Во продолжение на големата акција на полицијата „Армагедон“ денеска на територијата на Србија се уапсени 11 педофили. Сега се појави и видео од апсењето на осомничените, а тоа е објавено на веб страницата на МУП, односно српското МВР.

Како што потсетуваат српските медиуми, благодарение на ефикасната и упорна работа на припадниците на Министерството за внатрешни работи, Одделението за сузбивање на високотехнолошки криминал на СБПОК, во акцијата „Армагедон“, вчера биле уапсени 11 лица кои ширеле детска порнографија, снимале и дистрибуирале порнографски содржини на малолетници.контактирале со децата преку интернет и со нив договарале средби за сексуален однос.

Припадниците на Одделот за сузбивање на високотехнолошки криминал на СБПОК, во соработка со Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсија 11 лица поради сомнение дека сториле кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и експлоатација за порнографија, употреба на компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување на кривични дела против сексуалната слобода против малолетно лице и сексуално вознемирување.

Осомничените се товарат дека користеле апликација за споделување датотеки или пребарувач во подолг временски период преку Интернет за прикривање локации, преземање, складирање на компјутерски хард дискови и споделување содржини создадени со искористување на деца за порнографски цели.




Фото: Мондо

Слично

Поврзани вести