Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси

(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси

На социјалните мрежи се појави видео, како изгледаат блокадите на грчките земјоделци.

„Вака изгледа кога грчките земјоделци штрајкуваат и ја блокираат целата земја. Тие се незадоволни од зголемените трошоци за производство, ниските откупни цени на нивните производи и доцнењата во исплатата на субвенциите од страна на државата. Ги блокираа сите главни патишта во земјата, како и царинските пунктови, главните раскрсници во големите градови. Меѓу другите, блокирани се и автопатот кон Атина и Егнација Одос кон Комотини“, пишува Никана.гр.

Но, ова не е единствениот штрајк го Грција - во Солун денеска протестираат и таксистите.

„Солун денес е без такси, бидејќи таксистите учествуваат во 48-часовниот штрајк на Федерацијата на таксисти низ цела Грција. Таксистите ги тргнаа своите возила во редици низ централните улици на Солун во придружба на полиција. Станува збор за предупредувачки штрајк и можно е да ескалира. Таксистите бараат продолжување на рокот за задолжително користење на електрични такси возила до 2035 година, промена во третманот на нелојалната конкуренција (Убер и сл.), промена на минималната цена низ целата земја... Но, ова не е крај на штрајковите во Грција. Зелените пазари исто така ќе бидат затворени утре поради штрајкот на производителите и продавачите. Тие се спротивставуваат на новиот сет владини одлуки за користење на електронски метод за набавка на стоки и со тоа на нов метод на оданочување“, наведува Никана.гр.


Слично

Поврзани вести