(ВИДЕО) Кацин: Македонија заглави во средниот век, полоша е и од БиХ!
Во Босна и Херцеговина нема напредок на патот кон ЕУ, но БиХ сепак е подобра од Македонија, која побегна во средниот век, изјави словенечкиот европратеник Јелко Кацин, кој синоќа во емисијата „Интервју 20“ на босанската телевизија БХТ разговараше за последните немири и европската перспектива на Босна и Херцеговина и на регионот.
„Македонија побегна во средниот век, па сега дури и во античко време, и упорно оди натаму кон камената ера. Официјалните претставници во БиХ треба да се погледнат во огледало после бричење наутро и да си кажат - доста беше, сега ќе отвориме едно ново поглавје за БиХ. Кога тоа ќе се случи, јас не гледам проблем за земјата да тргне напред. БиХ тргнува од сегашноста, а Македонија од античко време“, изјави Кацин.Новинарката на босанската телевизија се обиде да аргументира дека „Македонија исполни се за ЕУ, но не може да оди понатаму затоа што Грција ја блокира заради името“. Кацин на тоа одговори:
„Македонија не можеше натаму заради себе. Затоа што ако сакаа, тие ќе најдеа договор за името и одамна ќе беа во НАТО!“Кацин, кој е известувач за Србија во Европскиот парламент, ги пофали српските власти како „свесни, одговорни и зрели“, што го демонстрирале и на прашањето за Косово. Запрашан дали Европската унија во еден момент ќе побара од Србија да го дефинира и промени својот Устав и да ја избрише територијата на Косово од нејзиниот состав, Кацин истакна дека секоја земја која се приклучувала кон ЕУ, вклучувајќи ја и Словенија, го променила Уставот во тој процес. „Ќе го промени и Србија!“, рече тој, иако се согласи со новинарката дека „Словенија не го менуваше Уставот заради територија“. Целото интервју на Кацин за БХТ погледајте го во видеото подолу, а делот за Македонија е кон крајот на разговорот: http://www.youtube.com/watch?v=YDigGyhhlw0 Билјана Арсовска
Слично
