Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Јако невреме во Хрватска, најстрашно во Загреб

(ВИДЕО) Јако невреме во Хрватска, најстрашно во Загреб

Јакото невреме кое ја зафати Хрватска, во главно околу приморјето, не престанува ни денеска и циклонот од подрачјето на Кварнер со обилни дождови, грмотевици и „пијавици“ се премествува кон внатрешноста и југот на земјата.

Циклонот Мелиса го зафати и Загреб, таму паѓа јак дожд пратен со силно грмење. Пожарникари велат дека имаат раце работа и дека ги викаат од сите страни на градот пишува Вечернји.хр.

Небото над Згреб во еден момент се смрачило како да е вечер, светкаат молњи и одекнуваат јаки грмотевици.

Јаките удари на ветрот и дождот кој се појако паѓа на широкот загребачко подрачје предизвикувајќи проблеми во сообраќајот, а на градот му се заканува сообраќаен колапс.

Мелиса пристига од Јадранот - на островите на северот паднале преку 50 литри дожд по квадратен метар. За 24 часа на Силби паднале 217,5 литри дожд, а на некои места дури и 294 литри што е рекордна количина на падови во еден ден за тоа подрачје во јули.

Слично

Поврзани вести