(ВИДЕО) ИЗДРЖАА БЕЗ ХРАНА И ЛЕКОВИ: Почнаа да бегаат бидејќи ги убиваат
Ситуацијата во Венецуела е лоша поради што се селат околу 4000 Хрвати кои таму живеат.
Искуствата на Хрватите кои се селат и сега ќе мораат да бараат нов дом ги пренесе Вечерњи лист.
Иселувањето почнало откако во времето на владеењето на претседателот Николас Мадуро дошло до големи економски, политички и социјални кризи.
Jосип Хргетиќ вели дека девет од десет Венецуелци се гладни.
На бегство го принудило убиството на неговата пријателка која исто така е од Хрватска.
„Едноставно ја убија на улица. Во тој хаос веќе не можеме да живееме. Затоа одлучивме да се вратиме во Хрватска“ - објаснува тој.
Неговите родители по Втората светска војна емигрирале во Венецуела.
Тој сака да замине од Венецуела затоа што не сака децата да му растат во земја со несигурна иднина.
Додава дека порано било убаво да се живее во оваа земја и да се почне бизнис.
Најлошо е што нема лекови, дури ниту на „црниот“ пазар. Над 1000 деца умреле затоа што немало лекови. Хрватот вели дека секој ден валутата боливар скока од ден на ден.
