Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИЗБОРИ БиХ: Тесно во Република Српска, очекувано во Федерацијата БиХ

(ВИДЕО) ИЗБОРИ БиХ: Тесно во Република Српска, очекувано во Федерацијата БиХ
Најголема неизвесност вчерашните избори во Босна и Херцеговина донесоа во Република Српска. Таму се уште не се знае кој ќе биде новиот претседател, ниту кој ќе ја претставува Бања Лука во Претседателството на БиХ. Досега владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) и опозицискиот Сојуз за промени соопштија дека имаат предност во изборните резултати, но разликата меѓу двата табора е минимална. Според последните информации, кандидатката за СНСД за член на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ има предност од нецели 1.000 гласа пред нејзиниот противкандидат за промени Младен Иваниќ. Бошњаците во новото Претседателство ќе ги претставува кандидатот на Партијата за демократска акција Бакир Изетбеговиќ, а хрватски член на ова тело веќе е извесно дека ќе биде претседателот на Хрватската демократска заедница во БиХ Драган Човиќ. На изборите вбо БиХ гласаа вкупно нешто повеќе од 54% од граѓаните со право на глас, а одзивот бил помал во Федерацијата, додека поголем во Република Српска. Изборните органи во БиХ соопштија дека прелиминарни резултати би можеле да се знаат денеска попладне, иако партиите чија победа е извесна слават уште од синоќа. Еве како беше на улиците на Сараево: http://www.youtube.com/watch?v=Jp_WV8_rJrA#t=16
Слично

Поврзани вести