(ВИДЕО) Италјанската полиција го екстрадираше С.М. осуден на доживотен затвор во случајот “Детонатор“
По повеќе месечен екстрадиционен притвор синоќа од страна на италијанската полиција во државава беше екстрадиран македонскиот државјанин С.М. (35) инволвиран во случајот „Детонатор“.
По претходно распишана меѓународна потерница С.М. беше уапсен во Италија, а во август лани Министерството за правда до италијанските власти ги испрати потребните документи за негова екстрадиција во Македонија со оглед дека тој се бараше по повеќе кривични дела – “злосторничко здружување“, “убиство во обид“, “насилство“.
Кон крајот на минатата година беа изречени судските пресуди во случајот „Детонатор“ според кои тој беше осуден на доживотна казна затвор поради убиство во обид на Драганчо Стоименов од Кочани.
(Видео:МВР)
Слично
