(ВИДЕО) Исламска држава ја нападна Русија: Загина полицаец во терористички напад
Милитанти од терористичката организација ИСИС ја преземаа одговорноста за минирање на конвој со автомобили во предградието на градот Махаџакале,пренесе Ројтерс повикувајќи се на агенцијата „Амак“ која е блиска до терористите.
Според зборовите на милитантите нападот го организирала нивна локална ќелија. Во нападот загинал еден полицаец додека двајца се повредени.
Порталот „Intelligence Group“, кој ги следи активностите на исламска држава на интернет, исто така соопштил дека ИСИС е вмешан во минирање на конвојот на автомобили во Дагестан.
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјавил дека не располага со информации дека зад нападот стојат терористи на ИСИС и ги упатил новинарите кон полицијата.
Синоќа непознати лица кренале во воздух две возила од оперативната група МУП оклопни „Урал“ . Во автомобилите се наоѓале припадници на полцијата Карснојарска. Се претпоставува дека експлодирала бомба од домашна употреба.
[youtubevideo url='https://youtu.be/U5BgCRxudvw'] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/oGBQOzAMSIs[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/c9zWnkciNdI[/embed]
