ВИДЕО:Ишарана оградата на Владата
Ишарана е оградата на Владата на протестот на „Шарената револуција“.
И покрај тоа што денеска е празник, се одбележува Свети Кирил и Методиј, сепак граѓаните и вечерва протестираат. Порачуваат „Став наместо страв“. Со ова сакаат да упатат порака до надлежните дека нема да подлегнат на притисоци. Утре на информативен разговор се повикани во полиција професорката Мирјана Најчевска и Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/meta_agency/status/735158932465963008[/embed]
Слично
