Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИСЧЕЗНАЛ НЕЈЗИНИОТ НАКИТ, А ПОТОА И ТАА: Мистериозна смрт на турска златарка која тргнала на крстарење

(ВИДЕО) ИСЧЕЗНАЛ НЕЈЗИНИОТ НАКИТ, А ПОТОА И ТАА: Мистериозна смрт на турска златарка која тргнала на крстарење

Мистериозна е смрттта на турската  златарка, претставничка и сопственичка на царството на скапоцен накит „Tiffany“ во Турција, Дилек Ертек.

Таа загинала на чуден начин, кон крајот на октомври на крстарење.  Загинала на 26-ти октомври на скапо и егзотично крстарење кога паднала од крузер на Тахити. За нејзината смрт пишува и еден од најтиражните таблоиди „Daily Mail“.

Форензичарите биле збунети затоа што не им е јасно како толку ситна жена од само 157 центиметри успеала да падне преку ограда висока еден метар.

Во меѓувреме, потрагата по неа е сопрена затоа што е неверојатно нејзиното тело да се пронајде после толку време.

Безбедносните камери наводно забележале како „една фигура“ паѓа во морето.

Нејзиниот син  Гокче Атук, за британски „Daily Mail“ изјавил дека е чудно што скапоцениот накит исчезнал од сефот во кабината во која неговата мајка била сместена на бродот. Сомнеж буди и тоа што љубовникот нејзиното исчезнување го пријавил дури 20 часа подоцна. 

Турскиот весник „Daily Sabah“ пишува дека нејзиното семејство барало од полицијата да го истражи и нејзиниот љубовник од Швајцарија.



Слично

Поврзани вести