Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Инциденти на Правен, грабнати гласачки кутии во присуство на специјални единици

(ВИДЕО) Инциденти на Правен, грабнати гласачки кутии во присуство на специјални единици

Студентските избори кои денеска се одржуваа на 23 факултети за избор на нов студентски претседател поминуваа во речиси тензична атмосфера и низа нерегуларности проследени со инциденти.

Пред малку во холот на Правниот факултет избувнала вербална расправија кога членови од Изборната комисија се обиделе да ја однесат гласачката кутија со асистенција на неколку члена група која според студентскиот пленум е од редовите на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Најпрво настанале турканици при што групата ја изнела кутијата со гласачките ливчиња од задната страна преку Бифето на факултетот.

Пленумците обвинуваат дека тие што ја однеле кутијата немале никаква поврзаност со УКИМ.

Имено, пленумците ги бојкотираат изборите за студентски лидер, со образложение дека истите се нелегитимни.

Видео А1он

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ljXKmUfRSa4[/embed]

Воедно, од Студентскиот пленум информираат дека СПУКМ ги грабнал гласачките кутии, заедно со припадници на специјалните единици и дека одат кон СПУКМ.

„Пред 20 минути насилно беа украдени 4 гласачки кутии и беа донесени во канцелариите на СПУКМ. Во моментов сме тука, внатре се заклучени со неколкуте кутии. Во моментов ние повикавме полиција и ги покануваме медиумите да дојдат пред СПУКМ (кај студентскиот дом Кузман)“,пишуваат на Фејсбук од студентскиот пленум.

Слично

Поврзани вести