Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХРВАТИТЕ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ: Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири

(ВИДЕО) ХРВАТИТЕ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ: Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири

Во хрватските градови Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири за поддршка на српските студенти, кои до месеци протестираат по несреќата во Нови Сад каде лани на 1 ноември загинаа 14 луѓе при уривање на натстрешница. Носеа транспаренти на кирилица и на латиница. 

„Денеска се собравме овде во навистина голем број за да изразиме порака за поддршка и солидарност до нашите колеги во Србија. „Она што студентите сакаат да им го кажат на своите колеги е дека солидарноста не познава граници, дека сите сме во ова заедно и дека не треба да се откажат од своите барања“, рече студентот Домагој Фук во Загреб. 

На српските студенти, поддршка деновиве ќе им дадат и пензионерите. 

На овие протести, имаше и инциденти, така што возила удираа во демонстрантите. Последно, возач удри две лекарки во Нови Сад. 

фото Нова.рс


Слично

Поврзани вести