(ВИДЕО) Хотел гори во азискиот дел на Истанбул
Пожар избувна во хотел во азискиот регион Малтепе на Истанбул, се спроведува евакуација на гостите и персоналот.
Пожарот започнал од уште неразјаснети причини на горниот кат на зградата. На местото на несреќата пристигнале пожарникарски возила и се спроведува евакуација. Неколку лица се уште се наоѓаат во зградата.
Малку порано силна експлозија го потресе регионот на плоштадот „Султан Ахмет“ во европскиот дел на Истанбул. Експлозијата експлодирала до трамвајска станица во момент кога таму имало група туристи.
Има загинати и повредени. На местото на несреќата има полиција и автомобили на Брза помош.
Засега не е јасно дали двата инциденти се поврзани.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/pPkCpMNlxus[/embed]
Слично
