(ВИДЕО) ХОРОР ВО СРБИЈА: Потпорен ѕид и пат се урнаа во Крагуевац
Потпорен ѕид и пат се урнаа во Крагуевац, а биле градени без дозвола.
На градилиште во Крагуевац, во Србија, во близина на комплексот Центар за извонредност, утрово се урнаа потпорни ѕидови и дел од пристапниот пат.
Во научниот комплекс се инвестирани околу 23 милиони евра, а работите беа завршени на почетокот на минатата година.
Во образложението на одлуката се споменуваат голем број неправилности. Меѓу другото, е утврдено дека димензиите на подземните катови не се во согласност со Локациските услови и Урбанистичкиот проект. Инвеститорот бил предупреден дека темелната плоча и ѕидовите не смеат да ги преминуваат границите на соседните парцели.
Обилни дождови и поплави имаше и во регионот. Погодени беа Албанија, Грција, Бугарија.
