Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХОРОР ВО АЛБАНИЈА: Moмче уби осум роднини

(ВИДЕО) ХОРОР ВО АЛБАНИЈА: Moмче уби осум роднини

Во селото Ресулај кај албанскиот град Валона се случи масакр попладнево, јавуваат албанските медиуми.

24 годишниот Ридван Зукај, наводно поради нерасчистени проблеми околу имотот убил осум роднини.

Тој прво влегол во куќата на своите баба и дедо вооружен со автоматска пушка, калашников и ги застрелал. Заедно со нив убил уште две други лица од семејството на чичко му.

Осомничениот заминал во куќата на другиот чичко, која била само 30-тина метри подалеку, каде убил уште четири лица, односно чичко му, неговата сопруга и две деца, од кои едното имало 16, а другото 8 години.

Шестмина други лица се ранети, а осомничениот е во бегство.

Убиецот немал психички проблеми, но бил корисник на дрога, тврдат мештаните. 

Полицијата попладнево ги зема на распит неговите родители, а по Ридван Зукај трагаат голем број полициски тимови. Се смета дека е вооружен и опасен по околината.

Видеото можете да го видите овде. 

Слично

Поврзани вести