Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХОРОР СЛИКИ: Пожарите направија пустош во Грција

(ВИДЕО) ХОРОР СЛИКИ: Пожарите направија пустош во Грција

Морничави слики има во Грција, по пожарите кои ја зафатија земјата. 

Шумата која е под заштита на еколошката мрежа „Натура 2000“ е претворена во жариште, откако завчера на еден дел од островот Евиа се прошири голем пожар.

 Изгорената шума беше дел од 19-те заштитени шуми во соседна Грција во рамките на споменатата еколошка мрежа.

Станува збор за подрачје препознатливо по широкиот спектар на ретки билки и животни, а во шумата живееле и загрозени животински видови.

Огнената стихија не можеше да биде ставена под контрола ниту следниот ден, а и натаму на неколку локации пожарникарите се борат со огнот.

Вчера илјада пожарникари беа на терен, а имаше и повеќе од 50 активни пожари во Грција. Минатата година Грција се соочи со големи пожари, при што имаше и жртви. 


Слично

Поврзани вести