(ВИДЕО) ХОРОР ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: 26 тела пронајдени гушнати
Во дворот на една вила на брегот на морето во одморалиштето Мати пронајдени се 26 изгорени тела на луѓе настрадани во голем пожар кој го зафатил ова место близу Атина.

Ако во една вила во одморалиштето Мати, североисточно од главниот град, пронајдени се 26 изгорени тела. Како што пренесува тамошниот Црвен крст, се претпоставува дека се работи за членови на семејства, а многумина се најдени прегрнати.
-За жал, пронајдовме 26 јагленисани тела, помеѓу две куќи во местото Аргира Акта - изјавил Никос Економопулос од грчкиот Црвен крст за државната телевизија.
-Телата се најдени на 15 метри на брегот. Полициските сили ја блокирале областа. Овие луѓе најверојатно се обиделе да избегаат до брегот, но огнот ги блокирал - рекол фотографот на агенцијата АНА.
Residents of coastal areas of Mati and Kokkino Limanaki in Rafina, East Attica, Greece resort to the sea to escape fledging fires today July 23, 2018. #πυρκαγιά #Athens #forestfires pic.twitter.com/2SvFPN0BWB
— Theodore Theodorides (@TheoTheodorides) July 23, 2018
Инаку, досега се спасени околу 80 луѓе, а операцијата на гаснење пожари се ангажирани повеќе од 200 пожарникари, со употреба на 60 пожарникарни возила. Според зборовите на портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакополус, 15 пожари избиле на три фронта.
Во оваа голема катастрофа загинале најмалку 50 лица, а повеќе од 100 се повредени. Осуммина туристи се водат како исчезнати.
Фото/видео: Ројтерс, Гардијан
