Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХОРОР ПО УРИВАЊЕТО НА ЗГРАДАТА: По 18 часа извадено дете од под урнатините

(ВИДЕО) ХОРОР ПО УРИВАЊЕТО НА ЗГРАДАТА: По 18 часа извадено дете од под урнатините

Oд шестокатницата која се урна во градот Истанбул вчера, спасувачите спасиле две деца. 

Тие извлекле 5-годишно девојче и 9-годишно момче.

Девојчето Хава Текгоз е спасено откако 18 часа било под урнатините, а вечерта спасено е и едно 9-годишно момче.

Најмалку три лица загинале во несреќата, а 13 луѓе се спасени.

Не се знае уште колку луѓе се наоѓаат под урнатините на зградата која се наоѓа во населбата Картал.

Зградата со 14 станови во кои живееле 43 лица се урнала во средата.

Се смета дека последните три ката се илегално изградени. Допрва ќе се утврдува што доведе до уривање на зградата. 


Слично

Поврзани вести