(ВИДЕО) ХОЛИВУДСКО АПСЕЊЕ ВО СРЕД БЕЛГРАД: Црногорец падна во раце на полицијата со товар дрога
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград заплениле 34,3 килограми марихуана и уапсиле црногорски државјанин З.М. поради постоење на сомнение дека извршил кривично дело неовластено производство и ставање во промет опојни дроги.

Полицијата марихуаната спакувана во 41 пакети ја пронашла во изменети, веќе постоечки конструкциони шуплини во возилото „рено лагуна“ кое осомниениот го управувал.

З.М. добил притвор од 48 часа , откако по кривичната пријава ќе биде притворен во надлежното јавно обвинителство во Белград, соопштија српските медиуми а видеото видете го тука.
Слично
