(ВИДЕО) ХАОТИЧНО НА АВСТРИСКО-СЛОВЕНСКАТА ГРАНИЦА: Полицијата пушти кучиња на мигрантите
Преку австриско-словенскиот граничен премин Шпилфелд утрово во Австрија преминале повеќе од 1500 лица, а една група бегалци кои пристигнале во текот на вчерашниот ден морале, на многу ниски температури, да ја поминат ноќта под ведро небо.
Околу 6000 бегалци ја преминале границата Шпилфелд од Словенија во Австрија во четвртокот и најголем број се префрлени со автобуси до престојот, но поединци морале ноќта да ја поминат надвор, бидејќи во шаторите кои се греат немало место.
Близу 600 мигранти како соопштила полицијата се прфрлени во спортската сала во местото Вагна , каде требало да спијат, но дошло до тепачка помеѓу бегалците, па морала да интервенира полицијата со тренирани кучиња.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/opSnU8EpKGg[/embed]Иако во текот на ноќта се очекувало доаѓање на повеќе илјади бегалци, тоа изостанало, но во текот на претпладнето се повторува хаотичната состојба. Стотици бегалци тргнале долж пругата од Шентилја кон Шпилфелд и се обиделе без контрола да влезат во Австрија.


