Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХАОТИЧНИ СЦЕНИ ВО АЛБАНИЈА: По најсилниот, тлото погодено од 340 дополнителни земјотреси

(ВИДЕО) ХАОТИЧНИ СЦЕНИ ВО АЛБАНИЈА: По најсилниот, тлото погодено од 340 дополнителни земјотреси

Над  сто луѓе се повредени, 600 куќи и згради повеќето изградени пред 1990 година се оштетени а жителите на Тирана , Драч и поедини области во западните и централните делови на земјата, едно време биле и без струја и вода.

Ова се последиците на најсилниот земјотрес кој во последните 30 години ја погодил Албанија.


После земјотресот од викендов, регистрирани се и повеќе од 340 дополнителни потреси.

Сцените од хаосот во соседна Албанија се со снимки на кои се гледа дека безмалку 100 училишта се оштетени, а од нив многу не се безбедни за користење.


Медиумите пренесуваат дека најмалку 500 луѓе ја поминале ноќта на улица во привремени засолништа.

Земјотресот беше со јачина од 5,8 степени и се случи во саботата. Го почувствуваа и делови во Македонија.

Во моментов експертите ја проценуваат штетата на куќите и зградите а подигнати се и дополнителни шатори за сместување на луѓето.


Oд друга страна албанскиот премиер Еди Рама, кој поради земјотресот го откажал патот во Њујорк на состанокот на Генералното собрание на ОН, денес се предомислил и сепак отпатувал.

-Денес е вообичаен ден во Албанија и одлучив да отпатувам во Њујорк, каде ќе се состанам со претседателот на САД и други шефови на држави или влади и личности. Во име на Албанија ќе зборувам во Генралното собрание на ОН-навел Рама.



Слично

Поврзани вести