Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ХАОС ВО ТИРАНА: Пратеници запалија столчиња

(ВИДЕО) ХАОС ВО ТИРАНА: Пратеници запалија столчиња

Опозициските демократски пратеници денеска направија хаос во албанскиот Парламент, по што претседателката Елиса Спиропали мораше да ја прекине седницата. 

Спиропали побара да му се одземе мандатот и од Централната изборна комисија да се побара замена за пратеникот Ервин Салињани, кој во моментот е на издржување затворска казна.

Веднаш потоа демократските пратеници ја блокираа собраниската говорница, фрлаа со разни предмети кон Спиропали, упатуваа навреди, дури и кон обезбедувањето, во што предничеше Фљамур Нока, инаку и генерален секретар на партијата, кој сакаше физички да се пресмета со социјалистот Петро Кочи. 

Демократите ги извадија  столчињата на кои седат во салата, пред собраниската зграда, ги полеаја со бензин и ги запалија. И претходно имаше инциденти во албанското Собрание. 


Слично

Поврзани вести