Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Груевски и Заев потврдија-Има договор за предвремени избори во Македонија!

(ВИДЕО) Груевски и Заев потврдија-Има договор за предвремени избори во Македонија!

Лидерите на четирите најголеми политички партии во Република Македонија постигнаа договор за излез од политичката криза во земјата.

"Можам да ви соопштам дека постигнавме договор, кој беше потпишан од четворицата лидери. Лично сум задоволен од постигнатото" Ова го соопшти комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој посредуваше меѓу Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Мендух Тачи (ДПА .

Преговорите во резиденцијата на ЕУ во Скопје продолжија над 12 часа. Според Хан македонските лидери се согласиле во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори и да бидат исполнети препораките на Прибе и на Европската комисија / ЕК /. Ова е голем ден за Република Македонија, кој ги отвора широко вратите за нејзината евроинтеграција, рече уште Јоханес Хан.

Договорот предвидува предвремени избори на 24 април следната година. 100 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори - на 15 јануари ќе биде формирана нова влада која ќе го организира гласањето на 24 април следната година. По 20 октомври СДСМ ќе предложи експерт за функцијата министер за внатрешни работи. Пратениците од СДМ ќе се вратат во парламентот од 1-ви септември.

Според него, "тоа е совршен момент за Македонија и меѓународната заедница, која ја реализира потребата да и помогне на земјата, а Македонија од своја страна е подготвена да ги исполни потребните реформи. Вечерва постигнавме согласност по ова прашање", истакна Хан и појасни дека следната недела во Брисел ќе се одржи состанок на Советот на ЕУ, на кој ќе бидат разгледани неопходните реформи. Во месец септември ќе продолжи дијалогот на високо ниво, а потоа ќе има извештај за напредокот на земјата. Денешниот договор ни дава можност да ја потврдиме препораката за почеток на преговори. Овој договор треба да им помогне на некои земји-членки, кои се спротивставуваа и блокираа отпочнувањето на преговори да се убедат и да ја отворат вратата за европската перспектива на земјата, рече комесарот.

Јоханес Хан соопшти дека оваа ноќ имал разговор со американскиот помошник-државен секретар Викторија Нуланд. Тоа нешто беше потврдено и од нашите американски партнери, но треба да нагласиме дека ова е европски договор и сите партии имаат придонес за тоа. Благодарам и на тројцата европратеници Иво Вајгел, Ричард Ховит и Едвард Кукан, како и со амбасадорите на САД Џес Бејли и на ЕУ Орав, рече уште Јоханес Хан.

Ховит во својот профил на Twitter прецизира дека политичките лидери се договориле за предвремени парламентарни избори, враќање на опозицијата во парламентот и составување на влада, која ќе изготви следните избори.

Веднаш по завршувањето на преговорите Никола Груевски и Зоран Заев почна прес-конференции - едниот во зградата на владата, а другиот во седиштето на СДСМ.

"ВМРО-ДПМНЕ преговара со самодоверба и не му дозволи на СДСМ да избега од избори. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично како нејзин лидер секогаш сме поставувале државните интереси над сè, над партиските. Целта на СДСМ беше перманентна криза, бидејќи само во една дестабилизирана ситуација и криза гледаат шанса за себе ", рече Груевски. Тој најави дека пратениците од опозицијата, кои го бојкотираа парламентот досега се враќаат во Собранието на 1-ви септември.

Еве го неговото обраќање пред јавноста:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/g2A9R0xzehE[/embed]

Со денешниот договор се потврди се што го докажавме во проектот „Вистината за Македонија“, дека Груевски и соработниците владеат на криминален и коруптивен начин, дека не победуваат, туку ги крадат изборните процеси, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција по вечерашниот договор со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UNryxbRJRJ0[/embed]
– Никола Груевски ќе поднесе оставка и нема да ја предводи владата што ќе ги организира и спроведе изборите што ќе се одржат на 24 април идната година. Заминувањето на Груевски ќе се случи до крајот на оваа година, а изборот на новата влада ќе биде најдоцна до 15 јануари. Тоа што го ветивме, го остваривме, Груевски нема да ги организира и спроведе изборите – рече Заев.
Слично

Поврзани вести