Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГРЦИЈА ЗАСТАНА: Преку граница само можете пеш!

(ВИДЕО) ГРЦИЈА ЗАСТАНА: Преку граница само можете пеш!

Поради генералниот штрајк на грчките синдикати, кои, како што е најавено, ќе траат 24 часа, од утрово сите гранични премини кон Македонија и Албанија се во блокада.

Границата е можно да се помине само пеш.

Утринава од пет часот за сообраќај се затворени премините од грчка страна кон Македонија на Богородица, Дојран и на преминот Меџитлија, каде штрајкот почна еден час порано.

Затворени се и премините од грчка страна кон Албанија, а се пропуштаат само пешаци без багаж.

На граничните премини, им големи гужви, а нормализација на сообраќајот може да се очекува во четврток во попладневните часови.

Во Грција утринава почна генерален штрајк во знак на протестот поради новиот бран мерки на штедње кои се најавени за претстојното лето.

Поради штрајкот веќе се создадоа големи редови на граничните премини во Грција а планирано е учесници на протести да маршираат на централните улица на Атина.

Откажани се бројни автионски летови, како и поаѓања на бродови и возовим а отежнат е и јавниот сообраќај, пренесе Катимерини.


Слично

Поврзани вести