(ВИДЕО) ГРЦИЈА УТРОВО МОЖЕШЕ ДА НАСТРАДА КАКО АЛБАНИЈА: Силен земјотрес кај познат остров
Ова утро Грција можеше да настрада како што се случи вчера со соседна Албанија.
Се прашувате зошто, а причината е силен земјотрес.
Во 9,23 по локално грчко време силен земјотрес ја здрма Грција.
Епицентарот на потресот бил со магнитуда од 6,1 степени по Рихтер во морето северозападно од островот Крит, на длабочина од 56 км северозападно од Хани, јави европскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот го почувствувале Атина и Пелопонез.
-Ова беше најсилното дрмање кое го имам почувствувано. Куќата силно се затресе. Беше страшно-напишал еден Грк кој се наоѓал на 47 км од епицентарот.
-Бев во кревет, се се тресеше, беше страшно-напишал друг .
Засега нема извештаи за повредени и евентуална материјална штета.
Слично
