Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција е меѓу првите земји што ја воведе целосната примена на системот EES на аеродромите

Грција е меѓу првите земји што ја воведе целосната примена на системот EES на аеродромите

Грција е меѓу првите земји што ја воведе целосната примена на системот EES на аеродромите и не ја одложи неговата употреба, за разлика од повеќето европски земји што сè уште го воведуваат постепено.

На аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина, EES е целосно имплементиран од 30 март 2026 година, со што се заокружи процесот што почна во октомври 2025 година.

Новата контрола подразбира поднесување документи, земање биометриски податоци (фотографија од лицето и отпечатоци од прсти), како и електронска евиденција за влез и излез од земјата.

Патниците веќе се информираат да пристигнат на аеродромот најмалку 2 и пол часа порано, додека некои извори наведуваат дека препораката е до 4 часа, бидејќи задржувањата на контролните пунктови и чекањето нова контрола може да траат најмалку еден и пол час.

Кога станува збор за копнени премини, планирано е воведување киосци за саморегистрација, но целиот процес ќе биде потпомогнат од службени лица кои ќе бидат таму за да им помогнат и да им ја објаснат постапката на патниците.

Добро е што имплементацијата на системот започнува пред главната сезона, бидејќи со текот на времето ќе се види дали ќе има дополнителни гужви, па властите ќе имаат простор да реагираат и евентуално да ја прилагодат или одложат имплементацијата доколку се покаже дека предизвикува доцнења, пренесува Nikana.gr.

foto printskrin

Слично

Поврзани вести