(ВИДЕО) ГРЧКИТЕ УЧЕНИЦИ НЕ ГО ДАВААТ ТЕРМИНОТ „МАКЕДОНИЈА“: На протестот се појави и коњаник
Учениците протестираа денеска во градовите Атина и Солун против Договорот од Преспа. Но, имаше и контрапротести на ученици кои се против политизирање на училиштата.
Во неколку наврати демонстрантите се судрија со полицијата.
Протестот во Солун го предводеше момче на коњ, со грчкото знаме.
Грчките власти обвинуваат дека зад протестите стои десничарската „Златна зора“.
Демонстрантите во Солун прошетаат низ улиците и со себе носеа транспаренти против Македонија, но и против Албанија.
Левичарско организации повикаа на протест против националистичките и крајно десничарски протести во Солун.На протестот во Солун имало околу 1.000 ученици.
Ова не е прв протест против името, но е прв во кој се вклучуваат ученици.
Претходно се протестираше во повеќе градови во земјата против Договорот од Преспа.
фото Катимерини
Слично
